Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се сомневате дека телефонот ви е хакиран: Проверете ги овие знаци и дознајте!

Се сомневате дека телефонот ви е хакиран: Проверете ги овие знаци и дознајте!

Ако мислите дека вашиот мобилен телефон е ваша приватна зона, можно е да се лажете. Досега се покажа дека не постои уред кој не е можно да се хакира.

Хакирањето на вашите податоци, а вие тоа да не го забележите е можно да се изведе на овие начини.

-Инсталирање на некои од шпионските апликации.

-Приклучување на непроверена Wi-Fi мрежа,најчесто јавна во кафе барови, ресторани, хотели и аеродроми

-СМС фишинг кој функционира така што ви стигнува порака со линк. Со кликнување на линк, се инсталира програма која на хакерите им ја прави достапна содржината на вашиот смартфон.

-Полнење на непознати места: по пат на USB може да се пренесат сите ваши податоци од мобилниот

Знаци кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред со вашиот уред:

-Мобилниот одеднаш се празни многу побрзо отколку обично. Зад ова може да стои заразена апликација која се активирала.

-Мобилниот се прегрева иако не телефонирате ниту пак премногу го употребувате. Ова е уште еден знак дека во позадина работи нешто што не знаете.

-Мобилниот сам се гаси и повторно покренува, бира броеви или активира апликации.

-Не можете да го изгасите телефонот. Наместо тоа, се пуштаат разни апликации, се зголемува екранот и слично

-Забележавте чудни звуци и галама во позадина при телефонирања

-На листата неодамнешни повици се појавиле непознати броеви

Слично

Поврзани вести