Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се самоуби вториот човек на „Лукоил“

Се самоуби вториот човек на „Лукоил“


   

Равил Маганов, де факто шефот на вториот по големина руски производител на нафта Лукоил, почина во четвртокот откако падна од прозорецот на болницата во Москва, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

За смртта на 67-годишниот Маганов јавија и некои руски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Заменик-претседателот на одборот на директори на компанијата, која е под западни санкции, наводно, скокнал од шестиот кат на болницата, јавуваат руските новински агенции ENews112 и Mash.

Засега нема официјална информација од Лукоил.

Од почетокот на март бордот на директори на руската компанија повика на прекин на руската инвазија на Украина.


Слично

Поврзани вести