Се самоуби инспекторот што го водеше случајот за „Шарли Ебдо“
Инспекторот задолжен за истрагата на масакрот во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, Ерлик Фред, изврши самоубиство, јавија светските медиуми.
Инцидентот се случил во Лимонж, во канцеларијата на инспекторот во четвртокот вечерта, непосредно по состанокот кој Фред го одржал со семејството на еден од жртвите.
Според прелиминарните информации, Фред извршил самоубиство пред да го напише извештајот за она што му го соопштило семејството на настраданиот.
Тој својата полициска кариера ја започнал во 1997 година, во Версај, а подоцна се вратил во Лимож, каде од 2012 година работел како заменик директор на регионалната полиција.
Француските медиуми наведуваат и дека 45 годишниот инспектор имал проблеми со депресија, додека од полициските служби било соопштено дека претставниците биле во потполност шокирани и дека никој не се надевал на ваков тек на случувањата.
Фред требало да ја предводи истрагата за нападот на редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, кој се случи на седми јануари и во кој беа убиени 12 лица.
Слично
