Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се руши монополот на Гаспром, ќе поевтинува природниот гас?

Се руши монополот на Гаспром, ќе поевтинува природниот гас?
Рускиот енергетски гигант Гаспром полека добива конкуренција, откако неколку други руски производители на гас почнаа да навлегуваат на светскиот пазар. Поради ова се појавува можноста за намулавење на цените на течниот нафтен или природен гас, коментираат аналитичарите. Засега Гаспром ја има привилегијата да биде единствениот продавач кој доставува руски гас низ целиот свет. Но наскоро ова може да се промени бидејќи за пренесувањето на течниот природен гас веќе не игра голема улога мрежата која компанијарта ја има изградено. Всушност, корисниците веќе можат да се снабдуваат со ова горива и преку транспортните бродови. Затоа, првенствено во Азија. монополот на  Гаспром брзо може да биде скршен, што би резултирало со промени на цените на гасот. Надлежното министерство за енергетика во Москва веќе прави нови одредби за извоз. Со нив и други руски компании треба да добијат дозвола за извоз на течен природен гас. Две големи компании - Новатек и Роснефт веќе се подготвени за извоз. Нафтената компанија Роснефт е  во државна сопственост исто како и Гаспром. Но приватната компанија Новатек сега ќе може да смета на поддршката од државата бидејќи нивните сопственици се тесно поврзани со претседателот Владимир Путин, пишуваат руските медиуми. Дискусијата за монопол над извозот е актуелна подолг период. Во 2010-та Гаспром потпиша договор со Новатек кој се однесуваше на полусотровот Јамал, каде што беа откриени 11 полиња со природниот гас и 15 полиња со нафта. Со овој договор Новатек може да извезува течен природен гас до Азија, но за тоа му плаќа на Гаспром провизија во износ од околу 2-5 проценти од приходот од продажба. Пред неколку месеци Новатек во борбата против монополот Гаспром доби неочекувана поддршка. Игор Сечин, влијателниот претседател на Роснефт, рече дека Гаспром нема да има големи загуби ако други руски добавувачи добијат можност да извезуваат природен гас во азискиот регион. До сега, државна компанија Роснефт немаше проекти во областа на течниот гас. Но неодамна добија 40 лиценци за користење на земјиштето покриено со вода на кое се претпоставува има голема количина природен гас. Сечин затоа сега предлага либерализација на извозот на течен природен гас од овие области во Русија.
Слично

Поврзани вести