Се рушат рекорди на Вол Стрит-„Dow Jones“ надмина 14 300 поени!
Главните американски индекси не успеаја да формираат заеднички тренд од почетокот на денешнoто тргување, иако податоци за вработувањето во приватниот сектор во САД се подобри од очекуваните, соопшти „CNBC“.
„Dow Jones“ напредува со 0,18% до 14 279,66 поени, а кратко се задржа дури и над 14 300 поени - нова највисока вредност на индексот по вчерашниот рекорд од 2007 година.
Акциите на „Bank of America“, поскапеа за 2,3% до 11,82 долари, а оние на „Hewlett-Packard“ ја зголемија вредноста за 2,95% до 20,97 долари.
Пазарната капитализација на „Microsoft“ сепак се намалува за 1,3% до 27,97 долари за акција, откако Европската унија го казни софтверскиот гигант со 561 милиони евра за прекршување на ветувањето дека ќе понуди на корисниците на персонални компјутери избор на различни пребарувачи за интернет кога го инсталираат оперативниот систем Windows.
Индексот „Standard & Poor's“ 500 порасна за минимални 0,01% до 1 539,96 поени.
Акциите на „Big Lots“ пораснаа за 5,8% до 35,85 долари, откако кварталните резултати на синџирот продавници ги поминаа очекувањата на аналитичарите. Пазарната капитализација на „Staples“ сепак се намали за 6,1% до 12,48 долари за акција, откако давателот на канцелариски материјали најави пониски од проектираните квартални приходи поради слабоста на пазарот во Европа и Северна Америка.
Слично
