Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се родил во 1999 година кога имало силен земјотрес, а месецов почина штитејќи го брат му под урнатините

Се родил во 1999 година кога имало силен земјотрес, а  месецов почина штитејќи го брат му под урнатините

Tурчин се родил за време на еден, а загинал при друг разорен земјотрес. 
Младиот Осман  Енес Баштурк со телото го штител неговиот помал брат, по што останал затрупан под урнатините. 

Баштурк е роден на 17 август 1999 година, кога Турција ја погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во кој имаше повеќе од 18.000 жртви, а загина во земјотрес со јачина од 7,7 степени на 6 месецов. 

Семејството се преселило од Газиантеп во Нурдага три дена пред катастрофата. Силниот земјотрес ги затекнал Осман и неговото семејство во нов дом.

Таткото Мехмет, мајката Асја и братот Емирхан биле со Осман во куќата во моментот кога објектот почнал да се руши. Младиот Осман почина додека го штитеше својот помал брат со своето тело.

Спасувачите по неколкучасовна акција успеале да ги извлечат Мехмет, Асја и Емирхан од урнатините, но за Осман немало спас.

Таткото на младиот Осман не може да поверува што се случи. 

„Мојот син се роди утрото на 17 август 1999 година, кога имаше земјотрес, а почина сега, во овој земјотрес. Болката што ја чувствувам е неопислива. Господ да му даде место на рајот. Бог ни го даде пред 23 години“, вели таткото.

Сега семејството е принудено да живее во шатор. Денеска имаше нов земјотрес во Турција, при што едно лице загина, а триесетина згради се урнати. Бројот на повредени расте. Во Сирија и Турција загинаа над 50.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести