Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се реализираше и првиот европски лет до Венецуела по апсењето на Мадуро

Се реализираше и првиот европски лет до Венецуела по апсењето на Мадуро

Авион од Шпанија пристигна во Венецуела во вторник вечерта. Тој е прв авион од Европа по апсењето на сега веќе екс претседателот Николас Мадуро во американската воена операција на 3 јануари, информира специјализирана веб-страница за следење на летовите и на аеродромските власти, пренесува Фрстпост.

Авион „боинг 787“ на шпанската компанија „Ер Европа“ слета на меѓународниот аеродром во Маикетија, во Каракас, кратко по 21 часот (локално време), според специјализираната веб-страница. Аеродромските власти го потврдија пристигнувањето на летот за агенцијата Франс Прес.

Повеќето комерцијални авиокомпании ги прекинаа летовите до Венецуела откако Управата за цивилно воздухопловство на САД издаде предупредување на 21 ноември, како дел од распоредувањето на американската војска во регионот, претходница на нападот на 3 јануари во кој беа заробени г-дин Мадуро и неговата сопруга.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повторно отворање на воздушниот простор на Венецуела за комерцијални летови на 29 јануари, откако разговараше со вршителката на должноста претседателка Делси Родригез.

Другата голема шпанска авиокомпанија, Иберија, сè уште ги проценува безбедносните услови и се очекува да објави кога ќе ги продолжи летовите до и од Венецуела, според извештаите на шпанскиот печат.

Португалската авиокомпанија ТАП штотуку објави дека наскоро ќе ги обнови воздушните врски со латиноамериканската земја. Од своја страна, Авијанка (Колумбија) и КОПА (Панама), како и нејзината нискобуџетна подружница Винго, веќе ги обновија своите летови.

Американ ерлајнс објави дека наскоро ќе ги обнови летовите до Венецуела.

Слично

Поврзани вести