Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се разнесе маж во телевизија во Абхазија

Се разнесе маж во телевизија во Абхазија

Непознат маж се разнесе во зградата на националната телевизија во Абхазија, соопштија руските медиуми, цитирани од Франс прес, повикувајќи се на властите во Сухуми.

Експлозијата се случила околу 7.05 по локално време, а идентитетот на загинатиот засега не е утврден.

„Јавно имал бомба и може да не бил сам"- изјави министерот за внатрешни работи на самопрогласената република, Аслан Кобахија и додаде дека инцидентот се истражува.

Според првичните информации нема други жртви, освен самиот сторител. 

Тело на маж со брада е најдено на местото на експлозијата.

Грузиската територија Абхазија прогласи независност по распадот на Советскиот Сојуз во 90-тите и води војна со грузиските вооружени сили. 


Слично

Поврзани вести