Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ РАЗБУДИ И ВУЛКАН ВО МЕКСИКО: Има ли врска со земјотресите?

СЕ РАЗБУДИ И ВУЛКАН ВО МЕКСИКО: Има ли врска со земјотресите?

Вулканот Попокатепетл во Мексико од синоќа почна да исфрла пепел и пареа, која формира столб од чад во висина до два километри.

Експертите се убедени дека оваа ерупција на вулканот не е поврзана со серијата потреси што изминативе две недели погодија делови на земјата. 

Во земјотресот со јачина  од 7,1 степени според Рихтеровата скала, загинаа 307 лица.

Координаторот на мексикансата служба за Цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте вели дека акциите за расчистување на урнатините од потресот продолжуваат, па можно е конечниот биланс на жртви да биде и поголем.

Во меѓувреме, во јужната мексиканска сојузна држава Оаксака, која вчера беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтер, е прогласена вонредна состојба.

Според мексиканското Министерство за внатрешни работи, целта на оваа мерка е да се олесни доставувањето на помош на настраданите лица од земјотресите и од претходните удари на урагани. Нема информации за жртви при вчерашниот потрес.

Во серијата земјотреси во Мексико, од 7 септември, па досега, меѓу кои три беа со интензитет од над 6 степени според Рихтер, загинаа повеќе од 400 лица.

Слично

Поврзани вести