Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ РАЗБУДИ ЕТНА, ИТАЛИЈАНИТЕ ВО ШОК - Проработе еден од најголемите европски вулкани (ВИДЕО)

СЕ РАЗБУДИ ЕТНА, ИТАЛИЈАНИТЕ ВО ШОК - Проработе еден од најголемите европски вулкани (ВИДЕО)

Италијанскиот вулкан Етна еруптираше во неделата вечерта исфрлајќи лава која беше јасно видлива на ноќното небо.

Вулканот Етна, кој се наоѓа над Катанија на Сицилија, доживеа ерупција ноќта меѓу неделата и понеделникот, исфрлајќи голема количина пепел и лава.


Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека висината на еруптивната колона се проценува на околу 4.500 метри надморска височина.

И покрај фактот што вулканот исфрлаше содржина висока до 4.500 метри, аеродромот во блиска Катанија не беше затворен

Во август облакот пепел од ерупцијата предизвика хаос кај патниците, летовите беа откажани и одложени.

Оддалеку можеше да се види блескавата лава и остатоците кои беа исфрлени во темнината, а потоа полека течеа по планината.


Вулканот е особено активен во близина на југоисточниот кратер.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како југоисточниот кратер на најактивниот вулкан во Европа ја исфрла својата содржина на неверојатна висина од 4.500 метри.


Она што многумина ги изненади во овој настан е тоа што италијанските власти овојпат не го затворија аеродромот во Катанија, што често се случува.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести