Се работи за млад човек, Зеленски има нов шеф на кабинетот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше шефот на военото разузнавање, Кирило Буданов, за нов шеф на претседателскиот кабинет.
Буданов претходно раководеше со воената разузнавачка служба ХУР. Зеленски истакна дека Украина мора повеќе да се фокусира на безбедносните прашања, развојот на своите одбранбени и безбедносни сили и дипломатските преговори.
Зеленски напиша дека Буданов „има специјализирано искуство во овие области и доволно сила да постигне резултати“. Буданов напиша дека за него претставува чест и одговорност да се фокусира на прашањата за стратешката безбедност на Украина во овој историски момент за земјата.
Буданов го наследи Андриј Јермак, кој поднесе оставка откако неговиот дом беше претресен од антикорупциските власти на крајот на ноември лани. Јермак е долгогодишен човек од доверба на Зеленски и беше централна фигура во преговорите со Соединетите Американски Држави(САД) за ставање крај на војната, потсетува ДПА.
Но, Јермак откако се повлече од функцијата, кажа дека оди на фронтот.
Војната почна на 24 февруари во 2022 година.фото Фејсбук/Володимир Зеленски
