СЕ РАБОТИ ЗА 2.000 КИЛОМЕТРИ: Путин има дилеми кој и како ќе го контролира примирјето
И ние сме за прекин на огнот, но имаме некои прашања, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Рече дека има нијанси кои треба да се дефинираат.
„Се согласуваме со предлозите за прекин на борбите, но претпоставуваме дека тој крај треба да доведе до долгорочен мир и да ги елиминира основните причини за кризата“, изјави Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Кремљ.
Тој праша за што ќе се искористат тие 30 дена.
„Кој ќе издаде наредби за прекин на огнот? Тоа се околу 2.000 километри, кој ќе одлучи кој и каде го прекршил примирјето? Сето тоа се прашања кои мора внимателно да се проучат од двете страни. Идејата како таква е добра, но треба да се дискутира. Треба да разговараме за тоа со нашите американски партнери, можеби да разговараме со претседателот Трамп. Но, ние го поддржуваме мирното решавање на конфликтот“, рече Путин.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва, каде што дојде да го посети рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина веројатно нема да се согласи на привремен прекин на огнот.
Лукашенко изјави во Москва дека САД немаат план, мислејќи на прекинот на огнот предложен од Вашингтон.
Во вторникот во саудискиот град Џеда се одржаа разговори меѓу американската и украинската делегација. По средбата, двете страни издадоа заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот.
Русија го враќа Курск под своја контрола.
Оние војници кои се заробени во Курск, Путин рече дека ќе бидат третирани како терористи.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
