Се пука во делови од Украина - луѓето прашуваат дали војната започна?
Пукање има во Украина, но не се знае кој пука. Татнежи од артилерски оружје се слушаат во Доњецк, најголемиот град што е под контрола на проруските бунтовници во украинсиот регион Донбас.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки, на кои може да се слушне детонацијата. Tопови пукаат и во областа Кировски.
Објавено е дека локалните власти наредиле евакуација на локалното население во местата кои се загрозени од делувањето на артилеријата.Голем број на корисници на социјалните мрежи се прашуваат дали војната започна и дали руските сили кои се стационани веднаш до Донбас, би се вклучиле во конфликтот со украинската армија?
„Украинските власти ја отфрлаат можноста да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источниот дел на Украина), како и можност за ставање вето на одредени владини одлуки“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Донбас е украинскиот регион на граница со Русија, во кој влегуваат Доњецката и Луганската област, и тие се фактички воена зона помеѓу Украина и Русија од анексијата на Крим во 2014.
Донбас е инаку еден од индустриски најбогатите делови од Украина.
Извесно време се говори за можноста од воен конфликт. Дел од земјите најавија дека ќе и помогнат на Украина, доколку дојде до воена инвазија.
фото Твитер
