Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продаваат 500 приватни острови!

Се продаваат 500 приватни острови!

Повеќе од 500 острови ширум светот се нудат на продажба, покажа најновиот каталог на интернет сајтот „Прајват ајландс онлајн“ . Цените се различни цени зависно од типот, положбата, површината и градежните објекти на островот. Дел од овие осрови може и да се изнајмат, а ноќевањето чини илјадници евра.

Така, во Грција се продаваат 12 острови, меѓу кои е и Патроклос. Островот има површина од 260 хектари и се наоѓа во близина на Атина. Островот е ненаселен, а се продава за 190 милиони евра.

Австралискиот остров Дејдрим пак кој е сместен на голем корален гребен има цена од 108 милиони франци. На островот се наоѓа и луксузен хотел.

На Карибите пак според каталогот се продава ненаселниот остров Ронд Ајланд за 100 милиони франци. На Фиџи островот Јадуа од десет хектари, има почетната цена е 5,4 милиони франци.

Слично

Поврзани вести