Се продава најголемата европска челичана
Водечкиот произведувач и трговец со челик, „Arselor Mital“, поднела понуда со корпорацијата „Марчегаљ“ за преземање на најголемата европска челичана, италијанската „Ilve“.
„ArselorMital“, планира во погон да ги врати трите високи печки, бизнисот на „Ilve“ во италијанскиот град Тарано да го направи профитабилен и да го зголеми производството, се наведува во денешното соопштение на најголемата светска челичана, известува Блумберг.
Овој договор нема да го загрози билансот на „Arselor Mital“, туку ќе ја зајакне неговата позиција на италијанскиот пазар, се додава во соопштението . Компанијата планира да го подигне произведтвото на сиров челик на „Ilve“ на повеќе од 6,0 милион метрички тони годишно до 2020 година, од сегашните околу 4,8 милиони тони.
„Ilvа“ е еден од најголемите загадувачи на околината на континентот. Италијанската влада е во потрага за понудувачи откако ја презела управата над фабриката лани како би ги сочувала работните места и санирала штетите во животната средина.
Според медиумските извештаи, еден од понудувачите би можела да биде и турската компанија „Eregli Demir ve Celik Fabrikalari“.
„Ilvа“ поминува низ тешки времиња. Задоволни сме со целната инвестиција и план, со помош на кој фабриката може да направи успешен пресврт“, се наведува од „Arselor“.
Произведувачите на челик се погодени од падот на цените и рекордниот извоз од Кина, која е најголем испорачувач во светот, бидејќи побарувачката на локалните пазари се забавува. Евтината железна руда, која се користи за производство на челик, исто така ги намалува цените.
„ArselorMital“ бил принуден да собере 3 милијарди долари од инвеститорите оваа година како би ја пребродел кризата и намалил долгот, наведува Блумберг.
