Се продава летната резиденција на Рокфелер за 19 милиони долари
Летната резиденција на милијардерот Дејвид Рокфелер во американската држава Мејн беше ставена на продажба за 19 милиони американски долари, а сите приходи од неа ќе одат за добротворни цели, пренесе Associated press.
Тестаментот на Рокфелер им дава можност на неговите деца да поднесат права за сопственоста, но неколку од нив веќе поседуваат куќи во регионот. Парите од продажбата ќе бидат искористени да му ја исполнат желбата во тестаментот, каде тој споменува дека донира 25 милиони за добротворни цели.
Дејвид Рокфелер почина на 101-годишна возраст на 20 март. Тој е син на милијардерот и претприемач Џон Д. Рокфелер помладиот.
Во почетокот на јуни аукциската куќа Christie's објави на тендер уметничка колекција на Дејвид Рокфелер, кој се состои од илјадници дела собирани шест децении од покојниот милијардер и филантроп и од неговата сопруга Пеги. Неговата колекција може да собере 500 милиони долари, кои ќе одат за добротворни цели, пренесоа Financial Times.
