Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продава куќата на Марк Твен за 4 милиони долари

Се продава куќата на Марк Твен за 4 милиони долари
Домот на писателот Марк Твен во Рединг , во државата Конектикат , беше објавен за продажба по цена од 4 милиони долари . Живеалиштето , кое писателот го изградил за себе во 1908 година , било уништено во пожар во 1935 година и е изградено повторно по истиот план , но во помали димензии . Куќата располага со двор од 112 хектари и се задржани оригиналните камени столбови , железни врати , кружно камено шеталиште, градини и камени тераси. Покрај тоа, таа располага со четири спални, четири целосно опремени бањи и две полубањи . Живеалиштето има и затскриен загреан базен, три гаража за автомобили , соби за послугата и убави градини . Семјуел Лангхорн Клеменс , познат по псевдонимот Марк Твен , почина на 74-годишна возраст во својот дом на 21 април 1910 година. Во животот тој имал само две куќи . Оваа во Рединг е втората .
Слично

Поврзани вести