Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продава куќа во Стокхолм – „меѓу соседите нема имигранти“

Се продава куќа во Стокхолм – „меѓу соседите нема имигранти“

„Сите соседи, и возрасните и децата, се од шведско потекло“. Ова беше наведено во огласот кој пред да биде избришан од веб-сајтот на Шведската агенција за продажба на недвижности, бил објавен неколку часа.

„Исклучително добра прилика“, наведува сопственикот на куќата во објавениот оглас. Но, спомената шведска Агенција не се согласува со содржината на така формулираниот оглас.

- Направена е грешка со објавување на тој оглас, кој е објавен од страна на сопственикот на куќата. Тоа апсолутно не е на линија со нашите вреднувања и интерни правила, вели Беси Ведхолм, одговорна за екстерни комуникации при Шведската агенција за продажба на недвижности.

Таа вели дека огласот бил објавен во ПДФ-формат и бил откриен откако повеќе часови бил објавен, доволно долго за да поттикне интензивна дебата на социјалните мрежи која е во тек, пишува „Свенска дагбладет“.

- Се извинуваме поради грешката, тоа повеќе нема да се повтори, потенцира Ведхолм. Во денешното прес-соопштение Шведската агенција за продажба на недвижности потенцира дека отсега апсолутно не е добредојдено во нивните огласи за продажба на куќи на каков било начин да се наведува или пак алудира на етничкото потекло на соседите.

Слично

Поврзани вести