Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продава фудбалскиот клуб Интер

Се продава фудбалскиот клуб Интер

Претседателот на калчолигашот Интер, Масимо Морати објави дека го продава клубот со цел негов развој во иднина и враќање во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.

- Одлучив дека најдобро за иднината на клубот е да го продадам. Интер има долгови слични на повеќето светски клубови и поради тоа многу сум загрижен. Многу сме слаби на финансиски план, истакна првиот човек на Интер.

Тој ја оцени вредноста на „неро-азурите“ на многу поголема сума отколку што тоа го покажуваат приходите.

- Работам за доброто на Интер и на навивачите. Ако треба и понатаму ќе останам да помагам, ама мислам дека го достигнав максимумот и дека станав пречка за понатамошен развој на клубот, изјави Морати за „Газета дло Спорт“.

Според италијанскиот весник Морати продава околу 75% од акциите на индонезискиот тајкун Ерик Тохир за сума од 300 - 350 милиони евра.

Слично

Поврзани вести