Се продаде претседателски авион за помош на најсиромашните
За да помогне во обезбедуавње храна за дел од најсиромашните, Малави го продаде претседателскиот авион – 15 милиони долари.
Според владин портпарол, одлуката е средствата да бидат искористени за купување пченка од локалните пазари и за одгледување зеленчук, како дел од борбата против недостигот од храна.
Околу 10 отсто од жителите на таа држава страдаат од недостиг на храна. Авионот со 14 седишта беше купен од претходниот претседател Бингу Ва Мутарика кој почина лани, за 22 милионa долари, а сега ќе биде продаден за 15 милиони долари.
Слично
