Се приватизира Кувајт ервејз
Владата во Кувајт одобри приватизација на националниот авионски превозник Кувајт ервејз, а целиот процес на промена на сопственикот може да трае до три години. Се планира 35 отсто од државниот удел во компанијата да се понуди на акционери. Кувајт ервејз се соочува со неколку предизвици, меѓу кои се високи трошоци на вработување, застарена флота и жестока конкуренција од страна на ривалските авионски превозници од Персискиот залив, како Катар и Емиратите.
Слично
