СЕ ПРИКРИВАЛЕ ПОДАТОЦИ: Корона скандал ја тресе Италија
Корона скандал ја тресе Италија. Во скандалот се вмешани и некои високи владини службеници во земјата.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо побара од СЗО да го укине дипломатскиот имунитет на оние службеници кои се вмешани во скандалот со криење на извештаите за состојбата на пандемијата Ковид 19, oбјави агенцијата Аги.
Заменик на министерството за здравство Пијерпаоло Силери побарал генералниот секретар на Министерството за здравство Џузепе Руоко да поднесе оставка „поради бројните отсуства од седницата на владиниот научно-технички комитет и бидејќи не одговорил за состојбата на анти-пандемските планови“.
„Проблемот е во некои административни службеници, кои не си ја работат својата работа. Треба да се испратат дома со клоци“, рекол заменик министерот.
Кај 72.7 милиони луѓе ширум светот е дијагностициран коронавирусот. Во Италија починаа над 64.000 луѓе.