СЕ ПРИЈАВИЛЕ 20 ЗЕМЈИ: Путин прави своја Евровизија
Русија ќе организира своја Евровизија.
Дваесетина држави меѓу кои Бразил, Куба, Индија и Кина се пријавиле да учествуваат на Интервизија. Тоа е руски пандан на Евровизија. Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела донесе декрет за тоа.
„Фестивалот повторно ќе се одржи оваа есен“, најави претседателскиот претставник Михаил Свидкој.
Путин го назначи заменик-премиерот Дмитриј Чернишенко за шеф на организацискиот комитет.
Интервизија е познат фестивал од времето на Советска Русија и се одржуваше од 1960-тите до 1980-тите во време кога претседател беше Леонид Брежњев.
Во времето на СССР, Интервизија се одржа во Полска и во тогашна Чехословачка и беше гледана како симбол на отвореноста на Советска Русија по смртта на Јосиф Сталин. Финска, како неутрална земја, беше единствена која учествуваше и на Евровизија и на Интервизија.
Неколку години по официјалното распаѓање на СССР, во 1994. Русија за првпат учествуваше на Евровизија. Откако Русија ја почна инвазијата на Украина во 2022 година, забрането е таа да учестува на Евровизија.
