Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се преврти брод во близина на Шкотска, настрадаа осум лица

Се преврти брод во близина на Шкотска, настрадаа осум лица
Осум член екипаж најверојатно загина откако во саботата нивниот брод се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска, соопштија денеска официјални претставници. Потрагата по осумте лица, седум Пољаци и еден Филипинец, во која учествуваа два хеликоптери, четири брода и пет спасувачки тимови, денеска е запрена, пренесува „АП“. Портпаролот на бродската компанија рекол дека се верува оти бродот се превртил поради лошите временски услови, бидејќи за време на несреќата во тоа подрачје имало силен ветер, како и дека бродот не упатил ниту еден повик за помош. Бродот „Семфјорд“, кој бил регистриран во Кипар, кој пренесувал 2.000 тони цемент од Данска во Ливерпул, бил забележан во саботата околу 14 часот и 30 минути по средноевропско време на 24 километри североисточно од Вик, во Шкотска. Бродот бил долг 83 метри, бил направен во 1984 година и успешно ја поминал контролата во декември.
Слично

Поврзани вести