Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗ ВО ГЕРМАНИЈА-МЕЃУ ПАТНИЦИТЕ ИМА И МНОГУ ДЕЦА: Петмина загинати досега, десетици повредени

СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗ ВО ГЕРМАНИЈА-МЕЃУ ПАТНИЦИТЕ ИМА И МНОГУ ДЕЦА: Петмина загинати досега, десетици повредени

Се зголемува бројот на загинати патници, по тешката сообраќајна несреќа во Германија. Несреќата се случила вчера околу пладне во селото Бургреин кај Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз излетал од шините. Вкупниот број на загинати се искачи на пет.


Уште едно тело е пронајдено по железничка несреќа во јужна Германија, соопшти полицијата. Откривањето беше тешко бидејќи еден од превртените вагони мораше да се подигне. Се бараат уште неколку лица. 

Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале по железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот сообраќал на линијата Гармиш-Партенкирхен - Минхен.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести