Се преврте автобус во Шпанија, 14 загинаа
Четиринаесет луѓе загинаа и 30 се повредени во сообраќајка на автобус кој превезувал студенти во јужна Шпанија, соопштија каталонските власти.
Студентите биле на размена на Универзитетот во Барселона во рамки на програмата Еразмус. Несреќата се случила на околу 150 км јужно од Барселона, недалеку од гратчето Фрегиналс кога автобусот се враќал од традиционален фестивал во Валенсија.
Во автобусот имало 57 луѓе заедно со возачот. Четиринаесет загинале, 43 се повредени од кои 30 се во болница, соопшти полицијата.
Слично
