СЕ ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Америка се поблиску до напад на Северна Кореја
Шансите Америка да ја нападне Северна Кореја се зголемија во последните 48 часа, откако Џим Матис, американскиот министер за одбрана остро реагираше на нуклеарната проба на Пјонгјанг.
Матис рече дека секоја закана за Америка и нејзините сојузници и територија ќе доведе до голем воен одговор, анализира Форин Полиси.
По ова се засили и реториката на претседателот, Доналд Трамп.
Позициите на САД досега беа нејасни затоа што Трамп пишуваше на Твитер, но не се знае дали овие ставови се усогласени со администрацијата.
Матис вчера говореше пред Белата куќа, а секој збор од говорот се гледаше дека внимателно е избран.
Слично
