Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прекројуваат границите меѓу Ерменија и Азербејџан - кој е губитникот?

Се прекројуваат границите меѓу Ерменија и Азербејџан - кој е губитникот?

Договорот кој обезбеди примирје помеѓу Ерменија и Азербејџан ќе ги прекрои границите во регионот. 

Етничката ерменска енклава ќе опстане, но значително помала во однос на територијата која ерменските сили ја контролираа на почетокот на конфликтот, откако ги загубија вториот најголем град и повеќе помали места и села. 

Сепак, овој дел ќе биде под контрола на руските мировници, поврзани со Ерменија преку коридор.

Азербејџанските власти тврдат дека турските мировници ќе бидат распоредени на спротивната страна на линијата на контактот, иако ова не е прецизирано во договорот.

Ерменскиот министер за надворешни работи Зораб Мнацканијан предупреди дека победата на Азербејџан ќе означи де факто признавање на воената агресија како начин за разрешување на територијалните спорови од страна на Европа.

Ако ја исклучиме Франција, Европската Унија е отсутна од официјалниот процес за разрешување на конфликтот.

Мапата на Европа е променета со сила за само неколку недели, пишува „Политико“. 

Ерменските власти ќе контролираат околу една третина од територијата во однос на она што е де факто нивно од 90-тите години на минатиот век.

Останаа со Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах, кој претрпе силно гранатирање и од кој голем број Ерменци веќе избегаа откако останаа без покрив над главата.

Ерменските опозициски групи планираат да ги продолжат своите протести за да побараат оставка од премиерот Никола Пашинијан поради условите за кои се согласи тој во договорот со Азербејџан, а со посредство на Русија, со што завршија борбите за отцепениот регион Нагорно-Карабах.

Специјалната истражна служба објави дека се уапсени 10 истакнати фигури на опозицијата, што опозицијата го осуди како незаконско.

Ден по договорот, илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот, пркосејќи на воената состојба и нарекувајќи го претседателот Никол Пашинијан „предавник“.

Воздушниот простор на Ерменија и Карабах е затворен за сообраќај, изјавила портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан. Таа ги негирала гласините дека турско беспилотно летало прелетало над главниот град Ереван.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека трилатералниот договор, кој го потпиша со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, не предвидува конечно решение на конфликтот околу Нагорно-Карабах.

Слично

Поврзани вести