Се предаде водачот на џихадистите
Еден од водачите на исламистичката екстремистичка организација Ал-Шабаб, за кој е рапишана потерница од три милиони долари, се предал во Сомалија.
Претставникот кој барал да не биде именуван, рекол дека Закарија Исмаил Ахмед Херси можеби се предал затоа што се судрил со екстремистите лојални на Ахмед Годане, водачот на Ал-Шабаб кој е убиен во воздушните напади на САД во оваа година.
Херси е еден од осумте највисоки членови на Ал-Шабаб за чие фаќање или информации кои можат да доведат во фаќање, владата на САД понудила вкупно 33 милиони долари во 2012 год.
И покрај губењето на контролата над повеќе градови, Ал-Шабаб и понатаму е голема закана во Сомалија и Кенија.
Слично
