Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе трговски центри во САД ставаат клуч на вратите

Се повеќе трговски центри во САД ставаат клуч на вратите
Повеќе центри во САД, кои некогаш биле полни со трговци и клиент , се напуштени и урнати. Големите синџири како Sears и JCPenney затвораат продавници, а тие се едни од најголемите потстанари. Кога тие си заминуваат, тешко е да се најде доволно голем закупец кој ќе ги замени. Во следните 10 години околу 15% од трговските центри во САД ќе банкротираат или ќе бидат претворени во нешто друго, се вели во извештајот на компанијата за анализа на имот, Green Street Advisors . Пред две години, процентот беше 10% . Консултантот Хауард Давидовиц вели дека во следните 15-20 години очекува до 50 % од трговските центри во САД да банкротираат. Според него, ќе останат само оние во многу развиените и раздвижени области. Од 2006 година наваму, не е отворен ниту еден нов голем трговски центар, велат од компанијата. Во моментов, во САД има околу 1.000 трговски центри, од кои 400 се луксузни. За нив бизнисот оди добро, но другите се во опасност. Најголем проблем за еден трговски центар е кога ќе си замине главен потстанар. Такви се JCPenney , Macy's и Sears, а сите тие најавија дека ќе затвораат продавници. JCPenney ќе затвори 33 продавници, Macy's затвора пет, а Sears затворил 300 продавници од 2010 година наваму, вклучувајќи ја најголемата продавница - онаа во Чикаго . Овие продавници обично заземаат два спрата и е тешко да се најде замена за нив. Најлоша е ситуацијата за трговските центри во државите Тексас, Охајо, Пенсилванија, Њујорк и Илиноис.   А.А.
Слично

Поврзани вести