Се повеќе фирми во Франција банкротираат
Бројот на компании во Франција што банкротираа во третиот квартал се зголемија за 7,5 отсто во споредба со истиот период лани, објави здружението специјализирано за информации за компании во Франција.
Вкупно 12.790 претпријатија во овој период пријавиле стечај, што е на слично ниво како и во однос на истиот квартал од 2009 година, во екот на кризата.
Во третиот квартал финансиски колапс доживеале главно компании со помалку од 10 вработени (90 отсто), 112 компании во категоријата на мали и средни со најмалку 50 вработени.
Слично
