Се повеќе Американци купуваат свадбено осигурување
Со порастот на просекот на трошоците за организирање на свадба во САД, до 26.000 долари, осигурениците продаваат се повеќе осигурителни полиси, штитејќи ги идните венчани од загуби како последица на лошо време , болест , а во случаите на една од компаниите, и ненадејни дефекти.
Пример за тоа е Шерил Винтер, која потрошила 500 долари за осигурување во Travelers Cos . Inc ., за да обезбеди покритие на свадбата на нејзината ќерка во Њу Орлеанс минатиот октомври, која чинела 50.000 долари. Нејзината најголема загриженост била дека тогаш може да има ураган.
Времето било убаво, но резервираната лимузина не се појавила . Нејзината ќерка требало да земе такси до црквата. Последователно, ти еги искористиле парите од осигурувањето , за да го обноват депозитот за лимузината кој и така не си го добиле од возачот.
Овој тип на осигурување е понудено од мал број американски компании. Осигурениците одбиваат да дадат точни податоци за бројот на клиенти и само велат дека тие се зголемуваат постојано. Осигурувањето може да покрива загуби поврзани со различни нешта - од пропаднати сали за свадба до поништување на свадбата поради ненадејна мобилизација во армијата.
Според Travelers, проблемите со различни даватели на услуги за свадба сочинуваат околу една третина од побарувањата , односно, многу од нив се поврзани со фотографи или видеографи. Во случајот со Travelers , осигурителниот гигант со годишни приходи во износ од 26 милијарди долари , овие полиси нема да влијаат особено на нејзините финансиски резултати.
Свадбеното осигурување што Travelers почнуваат да го нудат во 2007 година , сепак е начин компанијата да се поврзе со двојката, која подоцна може да одлучи да го осигура својот дом и др.
За родителите кои стравуваат дека една врска може да се распадне пред размената на брачните завети, Fireman's Fund Insurance Co . нуди осигурување во случај, некој од двајцата младоженци да се предомисли.
Таа е на пазарот од 2007 година, но во првите години бројот на осигурителни измами поврзани со неа , се зголеми , бидејќи се купувале полиси за парови , за кои се знаело дека имаат проблеми меѓу себе . Ова осигурување во моментов важи само доколку некој од младоженците ја откаже свадбата повеќе од девет месеци однапред.
Ова е исклучително перспективен пазар , бидејќи во моментов се купуваат осигурувања едвај помалку од половина процент од над 2-та милиони свадби , кои годишно се склучуваат во САД.
А.А.
Слично
