Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе акции за спречување на експлоатацијата на детскиот труд

Се повеќе акции за спречување на експлоатацијата на детскиот труд

САД го поздравија „важниот напредок“ во десет држави, првенствено во Јужна Америка и во Азија, во борбата против принудната работа на децата, се наведува во извештајот на американското Министерство за внатрешни работи.

Половина од 143 држави и територии во процес на развој кои се опфатени со овогодинешниот извештај, забележале „умерен напредок“ во ставањето на крај на принудната работа на децата.

Десет земји имаат „значителен напредок“, меѓу кои три држави во Југоисточна Азија (Индонезија, Филипини и Тајланд) и пет во Јужна Америка (Бразил Чиле, Колумбија, Еквадор и Перу).

- Се движиме во добра насока, но се уште треба многу да се направи, изјави американскиот државен секретар за труд Томас Перес при претставувањето на 12. извештај.

Тој наведе дека негативни оценки имаат Конго, Еритреја и Узбекистан, каде продолжува експлоатацијата на децата.

Според податоци на Обединетите нации од 168 милиони деца во светот, 85 милиони работаат во опасни услови.

Слично

Поврзани вести