Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе мигранти пристигнуваат во Италија од Либија

Се повеќе мигранти пристигнуваат во Италија од Либија

Околу 6.000 мигранти стигнаa во Италија преку Средоземното Море од вторникот наваму, соопшти Меѓународната организација за миграција, наведувајќи дека приливот ќе продолжи.

Вкупно 6021 мигрант тргнале на опасно патување за да стигнат во Италија, изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милман. Тој исто така изјави дека оваа бројка не ги вклучува 174-те мигранти кои стигнале од Грција преку Медитеранот. Според Милман се уште нема докази дека зголемениот прилив на мигранти кон Италија е поврзан со договорот меѓу ЕУ и Турција, со цел запирање на протокот на бегалци кон Европа преку грчките острови и со затворањето на балканскиот пат.

Сите мигранти кои зборувале со претставници на ИОМ во Италија се изјасниле дека се дојдени во земјата од Либија. Повеќето патувале со гумени чамци, по 130 лица во еден чамец.

Милман истакна дека со затоплувањето на времето на почетокот на сезоната, во Италија, најверојатно ќе започнат да пристигнуваат уште повеќе мигранти.

Слично

Поврзани вести