Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе гладни луѓе: Ова се најгладните народи во светот!

Се повеќе гладни луѓе: Ова се најгладните народи во светот!

Во светот над 795 милиони луѓе страдаат од глад, според податоците на ОН.

Денес гладот ​​станува се посериозен глобален проблем и ризик број 1 за здравјето на човештвото.

Во споредба со 90-те години на минатиот век, се намалува бројот на луѓето кои живеат во глад - со 219 милиони луѓе, покажуваат податоците на ОН.

Во 72 од 129 земји се намалени на половина гладните за овој период.

Земјите со ризик од гладување се претежно оние каде што има конфликти, политичка нестабилност, климатски кризи или неколку од горенаведените фактори.

Еден од секои петмина кои страдаат од глад живеат во кризна средина и се изложени на болести или смртна опасност.

Во истражувањето „Индекс на гладот ​​2015 година“ светската организација става акцент на односот помеѓу конфликтите и гладот.

Двете држави со најголем проблем со глад се Централноафриканската република (ЦАР) и Чад, каде што луѓето живеат во нестабилност долги години.

karta1

Сепак, ниту една држава не спаѓа во групата „исклучително загрижувачко ниво на гладување“ - над 50 поени.

На прво место со највисок индекс на гладот е ЦАР (46,9), проследен од Чад (46,4), на третото место е Замбија (41,1).

Четвртото и петтото место се за Источен Тимор и Сиера Леоне.

Првите десет се дополнети од Хаити, Мадагаскар, Авганистан, Нигерија и Јемен.

Првите 8 земји во негативната листа се на ниво „алармантно“, а оние со нивоа меѓу 35 и 20 поени се со ниво „сериозен глад“.

karta2

Индексот на мапата може да го видите тука, се резултатите на секоја земја по азбучен ред - тука.

Во глобалниот индекс резултатот на Македоија е 5,9  поени што не става во категоријата со ниско ниво на гладни луѓе.

Слично

Поврзани вести