Се повеќе Британци сакаат да станат Полјаци
Британците сакаат да станат Полјаци и оваа појава е се поизразена по 23 јуни.
Тие сакаат полски пасоши, а побарувачката се зголемила за 10 проценти од датумот на референдумот годинава, информира полската амбасада. Англичаните, плашејќи се од тоа да ја загубат својата слобода на движење, сакаат ново државјанство, информира дипломатското претставништво за „Ивнинг Стандард".
"Имаме многу повици и пораки од луѓе кои сакаат пасоши и тоа 700 повици од 23 јуни наваму. Пред тоа имавме по 10 молби на месец "- велат од амбасадата.
Секој Британец, роден со барем еден полски родител, автоматски добива државјанство, па има право и на пасош. Исто така имаат право да приложат и документи од баба и дедо од Полска, но не е сигурно дека ќе им биде дадено тоа право.
„Обично, Британци, склучуваат брак за Полјаци и со деца аплицираат за државјанство“ - додаваат од амбасадата.
Приватните компании рекламираат полско државјанство и пасоши на интернет, но најверојатно тие се лажни.
