Се повеќе невработени во Швајцарија
Во Швајцарија стапката на невработеност во јануари оваа година пораснала за 0,1 поени во однос на претходниот месец, така што сега сочинува 3,4 отсто од активната популација.
На тој начин, бројот на нови регистрирани невработени, во јануари достигнало 148.158 лица, односно за 5.849 повеќе од декември минатата година.
На годишно ниво, ова е зголемување од скоро 10,3 отсто, пишуваат швајцарските медиуми.
Невработеноста најмногу ги погодила младите во категоријата од 15 до 24 години, така што нивниот број сега изнесува 21.207. Тоа е зголемување од 4,2 отсто на месечно ниво, односно 9,2 отсто во однос на јануари минатата година.
Вкупниот број на невработени во Швајцарија сега е на ниво од 201.776 лица, што е за 4.878 лица повеќе во однос на претходниот месец.
Слично
