Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе Французи се хранат во народни кујни

Се повеќе Французи се хранат во народни кујни

Сите хуманитарни организации во Франција констатираа дека изминатава зима е забележан пораст на бројот на лицата кои им се обратиле со барање да им обезбедат храна.

Резултатите кои ги соопшти асоцијацијата „Ресторан на срцето“,создадена од сега исчезнатиот француски хуморист Колуш во 1985 година, се потврда на констатацијата. Само во кујните на оваа асоцијација во текот на зимата 2012-2013 помош побареле 960.000 лица, односно 100.000 или 11 отсто повеќе во однос на претходната зима. Оваа асоцијација за зимскиот период поделила околу 130 милиони оброци.

- Од зимата 2008 и почетокот на кризата, РДК прифати 40 проценти повеќе лиза кои бараат помош за исхрана, прецизира асоцијацијата. Таа располага со 2.040 центри за помош ширум Франција, чии врати се отворени секојдневно од ноември до крајот на март или најмалку два пати неделно кога се делат кошнички со храна за најзагрозените.

Во текот на минатогодишната кампања беа поделени 115 милиони оброци на околу 870.000 лица. Во текот на другите месеци од годината три четвртини од центрите се отворени и тие им помогаат на најранливите слоеви на населението, како старите лица, лицата со ниски примања, бебиња, странци итн.

Слично

Поврзани вести