Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОСИЛЕН ПРИТИСОК: САД и Британија воведуваат нови санкции за Русија поради Сирија

СЕ ПОСИЛЕН ПРИТИСОК: САД и Британија воведуваат нови санкции за Русија поради Сирија

САД и Велика Британија го разгледуваат воведувањето на нови економски санкции за владите на Сирија и Русија поради нивните операции во сирискиот град Алепо.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјавил дека во Сирија секојдневно се вршат злосторства против човечноста.

Кери и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изразиле надеж дека дипломатските напори со Русија и неколку други земји ќе бидат успешни, но дека планираат да го зголемат притисокот на Русија и Сирија да ги прекинат воздушните напади на Алепо.

Шефовите на дипломатиите на САД и Британија рекле дека на Сирија и оние кои ја поддржуваат може да им бидат воведени санкции.

И францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека не планира да го намали притисокот на Русија поради нејзината поддршка на сириската влада во борба против бунтовниците, но истакнал дека е подготвен да се состане со рускиот претседател Путин.

Путин ја откажал посетата на Париз, планирана за 19 октомври, откако Оланд рекол дека со рускиот претседател ќе разговара за Сирија.

„Владимир Пуин не сака сериозно да разговара за Сирија.  Подготвен сум во било кое време на состанок, но нема да го намалам притисокот“, истакнал Оланд.

Тој додал деа апсолутни приоритети се прекин на бомбардирањето , прекин на огност, достава на хуманитарна помош и покренување на преговори.

Слично

Поврзани вести