Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се породила на задното седиште во такси, добила сметка за возење, но и за чистење на автомобилот

Се породила на задното седиште во такси, добила сметка за возење, но и за чистење на автомобилот

Британка прерано се породила на задното седиште во такси додека одела во болница на рутински преглед - а потоа таксистот и испратил сметка за возење и чистење на автомобилот, пренесува РТС.

Жителката на Бакингемшир, Фара Чачаниндин, одела со такси до болницата, на околу 20 километри од нејзиниот дом, на рутински преглед кога почувствувала дека почнува породувањето.

- По пет минути возење ми пукна водењакот. Возачот ме праша дали сакам да застане, но јас му реков да продолжи, бидејќи верував дека ќе може да пристигне пред да се роди бебето - изјави Фара за британските медиуми, пренесува Њујорк пост.

Качаниндин сепак ја родила ќерката Наја на задното седиште од автомобилот, додека возачот се јавил во болница за да ги подготви лекарите да ја примат.

- Кога стигнавме во болницата, акушерките чекаа и беа шокирани - се присетува Чачанидин, кој го има и 15-месечен син Каиро.

- Сè беше толку надреално. Немав време ни да се исплашам - признава таа.

Таа тврди дека неколку дена по породувањето добила фактура од такси компанијата која вклучувала такса за чистење и сметка од над 100 долари за возење кое чинело 34 долари.

- Разбирам дека направив хаос, но малку е дрско што ми наплатија толку многу - смета Фара и додава: - Најсмешно е што оваа такси компанија се наоѓа на мојата улица. Секој ден низ прозорецот го гледам автомобилот во кој се породив.

Слично

Поврзани вести