Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОМАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ОТКРИЕ ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАВИРУСОТ - тоа ги намалува и изгледите за негово поефикасно третирање

СЕ ПОМАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ОТКРИЕ ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАВИРУСОТ - тоа ги намалува и изгледите за негово поефикасно третирање

Тимови на СЗО цело време работат на откривање на потеклото на коронавирусот САРС-ков-2, но постојано овие истражувања наидуваат на „ќорсокак“ и бараат нови методи и пристапи.

Научниците постојано патуваат во Кина, во Вухан, каде беше забележано првото жариште на заразата. Но, како поминува времето, се чини како шансите да се детектира точното потекло, е намалуваат.

Во меѓувреме, извештајот на американската разузнавачка служба, побаран од американскиот претседател Џо Бајден, даде нецелосен заклучок за потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и теоријата дека вирусот преминал од животно на човек или дека „протекол“ од кинеска лабораторија, објави „Вашингтон пост“ вчера.

Кога би се знаело потеклото на вирусот, тогаш ќе дојде до клучен пресврт во пристапот кон негово третирање и начинот на кој светот се справува со пандемијата, но сепак, шансите тоа да се случи се намалуваат со секој поминат ден.

Во анализата објавена во март, СЗО заклучи дека вирусот најверојатно се шири од животни на луѓе и ја нарече веројатноста за „истекување“ од лабораторијата „исклучително мала“.

Слично

Поврзани вести