Се полнат болниците, купуваат нови респиратори
Драматично станува во Индонезија каде болниците се полнат со заразени со коронавирусот.
Земјата се бори со новиот бран предизвикан од делта сојот. Денеска се евидентирани 47.899 нови случаи и тоа е приближно седум пати повеќе од пред еден месец.
Бидејќи болниците се преполни во деловите на густо населениот остров Јава, побарувачката за медицински кислород го надминало производствениот капацитет за нешто повеќе од 1.700 тони на ден.Независна група за собирање податоци, Лапор, објавила дека од јуни 453 лица починале од коронавирус во самоизолација.
Министерот Лухут Пандјаитан посочил дека претседателот Јоко Видодо им наредил на министрите да ги преземат сите мерки за набавка на дополнителен кислород за граѓаните.
Девет провинции пријавиле дека 80 проценти од нивните болнички кревети се зафатени.
Слично
