СЕ ПОКАЖА ДЕКА ОВА НЕМА ВРСКА СО ФИНАНСИИТЕ: Koи држави се најсреќни во Европа?
На европскиот континент има богати земји кои се рангирани како места каде луѓето се несреќни. Според Евростат, Бугарија и Германија се најнесреќните земји во Европа.
Европската статистичка агенција (Евростат) ги објави податоците од годишното истражување за „показатели за квалитетот на животот“. Австрија е на прво место, односно нејзините жители се најсреќните во европската заедница. Второто место го зазедоа Полска, Финска и Романија со 7,7, а Италија, Шпанија и Франција се околу просекот (7,1).
„Интересно е да се види дека некои земји поврзани со ниски приходи во блиското минато, како Романија и Полска, се меѓу земјите каде задоволството од животот е највисоко“, објави Евростат.
foto freepik.com/ijeab
