Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОЈАВИЛА ОГРОМНА ДУПКА: Се шири постојано и се приближува до куќи

СЕ ПОЈАВИЛА ОГРОМНА ДУПКА: Се шири постојано и се приближува до куќи

Огромна дупка со дијаметар од околу 60 метри се појавила во полето во мексиканскиот град Санта Марија Закатепек и се заканува дека ќе „проголта“ блиска куќа.

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Пуебло, Мигел Барбоса Хуерта, на прес-конференција рече дека дупката првпат се појавила во саботата и била длабока 20 метри.

Гувернерот додаде дека семејството што живеело во куќата покрај дупката е евакуирано и дека досега никој не е повреден.

Тој го предупреди локалното население да не се приближува до бездната.

- Дијаметарот на дупката првично беше пет метри, а во следните часови тој значително се зголеми - рече Беатрис Манрике, министер за заштита на животната средина на Пуебло.


Слично

Поврзани вести