Се појавија тајни документи: Германски лекари ги уверуваа Американските-Лубиц е целосно оздравен
Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) преиспитувала во 2010 дали треба да ја потврди пилотската дозвола на Андреас Лубиц, пилотот на Германвингс кој во март оваа година го урна авионот полн со патници во француските Алпи.
ФАА била загрижена поради сознанијата дека Лубиц се лекувал од депресија, поради која земал и лекови помеѓу јануари и октомври 2009 година. Во тој период го паузирал својот тренинг во Школата на Луфтханза за пилоти, и се префрлил во центарот на Луфтханза во Аризона, каде учел да вози мали авиони.
Претставници на ФАА германските лекари во 2010 ги уверувале како Лубиц е излечен од депресија, и дека Сојузната управа одлулила да му издаде дозвола но со предупредување дека може да му биде одземена ако му се врати депресијата.
Но, се појавија и докази дека Лубиц се обидел да ги лаже ФАА околу својата болест. На прашањето „дали некогаш сте лекувани поради психичка болест“, одговорил „не“. На неговите документи подоцна стоело „променето од не во да“ , а промената најверојатно ја направил некој од лекарите на Луфтханза.
Според наведената медицинска документација која била доставена до ФАА, Лубиц имал „тешка депресивна епизода без психотични симптоми“ која “целосно се повлекла“. Дијагнозата потврдила како Лубиц целосно се опоравил, без никакви остатоци на болеста.
Лубиц после тоа морал да го продолжи школувањето за пилоти, после што станал копилот во Германвингс.
Сите објавени документи може да ги погледнете на овој линк.





