Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снема струја во новата подземна железница во Истанбул!

Снема струја во новата подземна железница во Истанбул!
Иако вчера беше отворен, само еден ден подоцна почнаа проблемите во новиот железнички тунел под Босфорот кој ги спојува европскиот и азискиот дел на  Истанбул. Денеска дојде до прекин на струјата , а  патниците во возот во панока продолжиле да се движат пеш низ подводниот тунел, се до излезот. Нама официјална потврда во што бил проблемот, но дефектот брзп бил отстрнет, по што собраќајот за останатите корисници продолжил според возниот ред. Проектот за подводната железница и тунелот долг над 13 километри турската Влада го нарече проект на векот. Целиот проект тежи околу 4 милијарди евра, а самиот тунел кој во најниската точка се наоѓа на длабочина од над 55 метри е најдлабок ваков тунел во светот. Работите на изградбата на тунелот започнаа во 2004 година, но беа прекинувани поради археолошки наоѓалишта. Во Истанбул се надеваат дека сега, кога тунелот е завршен, новиот пат ќе стане важна трговска рута која ќе ја поврзува Кина со западна Европа. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган со години го најавуваше овој  проект, а споре познавачите на оваа област, идејата се појавила пред 153 години за време на османскиот султан Абдул Меџид.
Слично

Поврзани вести