Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појавија првите информации од црната кутија на соборениот малезиски боинг

Се појавија првите информации од црната кутија на соборениот малезиски боинг

Иако Русија и понатаму ја негира одговорноста за соборувањето на малезискиот авион над источна Украина, европските надлежници тврдат дека податоците од „црната кутија“ покажуваат дека авионот е погоден од проектил, пренесува  CBS News.

Имено, податоците забележани во црната кутија упатуваат „на голема експлозивна декомпресија“ а трупот на авионот е погоден со шрапнел после експлозијата, за што сведочи и фотографијата од остатоците на авионот.

Проектилот најверојатно експлодирал на десната страна на авионот, а шрапнелот го пробил трупот и излегол од лева страна.

Се работи за првите неофицијални податоци за содржината на црната кутија која е испратена на детална анализа во Лондон.

Американски надлежни лица тврдат дека за рушењето на авионот со кој летаа 298 лица се виновни проруските сепаратисти во источна Украина, кои најверојатно мислеле дека се работи за украински авион.

На местото на падот на авионот денеска избија судири така да посетата на австралиски и холандски експерти и полицајци, кој имаа на ум да го осигураат теренот додека се собираат доказите, е одложено за понатаму.

Слично

Поврзани вести