СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ОДВЕДУВАЊЕТО НА ЃОКОВИЌ: Раката му е преку лицето, има и полициска придружба
Српскиот тенисер
Новак Ѓоковиќ е вратен во притвор во хотелот за мигранти во Мелбурн, додека го
чека последниот збор на австралискиот суд.
Ова се случи по второто судско рочиште, кога беше одлучено Ѓоковиќ да се врати „зад решетки“ до третото и последно рочиште.
Австралиските власти решија да го депортираат, откако министерот Алекс Хок му ја укина визата по втор пат, откако Ѓоковиќ еднаш беше ослободен од судијата Ентони Кели.
Во меѓувреме се појави видео од приведувањето на Новак.
На него се прикажани многу новинари и фоторепортери како опсадуваат автомобил за да го фотографираат првиот рекет во светот, додека Ѓоковиќ се вози во автомобил со полициска придружба и ја држи раката над лицето.
Неговото последно рочиште е закажано за сабота навечер во 23 часот и 30 минути, а потоа ќе се знае дали Новак ќе остане да игра на Австралија опен во понеделник каде ќе ја брани титулата.
Австралијците ја оспоруваат визата на Новак затоа што не е вакциниран против корона вирусот, иако имал документи за медицинско ослободување.
Serbian tennis player Novak Djokovic is to spend another night in Australian immigration detention after his visa was revoked for second time pic.twitter.com/EQPvDFCkKP
— TRT World Now (@TRTWorldNow) January 15, 2022
