Се појави снимка на која руски војник кастрира украински заробеник
Oбјавена е видео снимка на која се чини дека се гледа како руски војник кастрира украински заробеник за кој други извештаи сугерираат дека потоа е убиен.
Снимката, првично беше објавена на проруските канали на Телеграм, а потоа ја објави Гардијан. Руски војник, облечен во карактеристична црна шапка со широк обод, се гледа како се приближува кон друга фигура, која има врзани раце и лежи со лицето надолу. Затвореникот носи сини и жолти фластери кои го идентификуваат како Украинец.
Иако Гардијан не може самостојно да ја потврди автентичноста на снимката, неа ја споделуваат на проруските медиумски сајтови, како и на украинските социјални мрежи. Некои руски корисници објавуваат слики во кои го исмејуваат осакатениот војник. Повеќе европски лидери претходно истакнаа дека во Украина се случиле воени злосторства кои треба да се расветлат.
Слично
