Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ЖИТЕЛИ НА ДОЊЕЦК ГО НАПУШТААТ РЕГИОНОТ

СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ЖИТЕЛИ НА ДОЊЕЦК ГО НАПУШТААТ РЕГИОНОТ

Зголемен број цивили сега се подготвени да се евакуираат од регионот Доњецк кој е под контрола на Украина, изјави високиот регионален функционер, пренесува Си-Ен-Ен.

- Луѓето кои не се обидоа и не сакаа да си заминат на почетокот кога беше побезбедно, заминуваат сега. Ги евакуираме и од населбите на фронтот и од градовите Бахмут, Соледар и Славјанск. Сега темпото е зголемено - изјави на украинската телевизија Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

Борбите во источните региони Доњецк и Луганск се интензивираа во последниве недели, со засилени руски напади врз градот Славјанск и интензивна урбана битка за Северодонецк, најисточниот град контролиран од украинската влада.

Екипа на Си-Ен-Ен во источна Украина во понеделникот виде долги редици цивилни автомобили кои возат на запад од делот на регионот Доњецк кој е под контрола на Украина.

Кириленко посочл дека евакуациите биле „исклучително опасни“.

- Секој ден ги евакуираме луѓето, дури и од линијата на фронтот. Ова е многу потешко да се направи под или помеѓу гранатирање, бидејќи движењето на автобус за евакуација или мал автомобил не значи дека окупаторите нема да пукаат во него - рече тој.

Тој рече дека линијата на фронтот во регионот Доњецк „остана непроменета во текот на изминатиот ден“ и дека „речиси секој ден имаме цивилни жртви“.

Фото: EPA/ ALESSANDRO GUERRA

Слично

Поврзани вести